
Тешка сообраќајна незгода се случи денес во близина на Крупиште во која учествувало возило на Здравствениот дом Кочани. На терен се екипи на МВР, противпожарните единици на Штип и Пробиштип и Итната медицинска помош. Во сообраќајната незгода има повеќе повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
