Во ЖИВО на М Нет од Виница: Слога во тешко соочување против Беса, трите бодови императив и за двете екипи

Утре на телевизија М Нет во ЖИВО ќе го следите соочување од Виница помеѓу Слога и Беса од Добридол во меч каде трите бодови се повеќе од важни и за двете екипи.

Слога мора да дојде до три бода, со цел да остане во посериозна трка за опстанок, додека пак Беса сака триумф со цел да не го закомплицира опстанокот во Втората македонска фудбалска лига.

Слога по поразот од Саса во претходното коло е на 14-тото место во зоната за директно испаѓање со 13 бодови, а пак Локомотива Пехчево која службено го доби дуелот со Беласица е на 12-тото место со 20 бодови и пополека граби кон директен опстанок.

Овој меч ќе се одигра на Градскиот стадион во Виница и ќе стартува со почеток од 14:00 часот, а главен судија ќе биде Сашко Ристов од Струмица.