Победничка фотографија од Кратово: Силекс сака излез во Европа

Фудбалерите на Силекс денес на својот терен во Кратово со 3:1 славеа убедливо над Скопје, во воведниот меч на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци стигнаа до својот десетти сезонски триумф и на своето конто имаат 35 бодови, колку што има и третопласираната Шкендија, која пак утре ќе игра на домашен терен против Академија Пандев.

Силекс сака излез во Европа, а денешната победа и трите бодови се јасен сигнал дека кратовскиот прволигаш успешно ја води борбата за европската „виза“.