
Денес се играат баражите за пополнување на Трета лига – Север, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го проследат натпреварот меѓу Ржаничино и Њу Старс, кој се игра на стадионот “Борис Трајковски” во Маџари.
Натпреварот ќе започне во 16:30 часот, а главен судија на мечот ќе биде Дејан Младеновски, додека пак негови помошници ќе бидат Бранко Путилин и Филип Ицковски.
Преносот на М Нет телевизија и спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во десетина минути претходно.
Александар Ванев, М-Нет