
Продолжуваат полициските контроли од страна на Секторот за внатрешни работи Штип, за создавање на ред во сообраќајот по патиштата. По претходниот апел од СВР Штип до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените патни сигнализации, да возат според поставената брзина, како и пешаците да внимаваат каде и како ја поминуваат улицата, тие постојано вршат и контроли на разни основи. Во текот на вчерашниот ден се извршени полициски контроли на возачи кои возат под дејство на алкохол, како и возачи кои возат со поголема брзина од дозволената.
На 07/08.02.2021 во времето од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 14 возачи упарвувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 31 останати прекршоци.
На 07.02.2021 во времето од 09.00 до 15.00 часот на подрачјето на Штип, од страна на полициски службеници од Полицската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Од извршената контрола било констатирано дека 43 возачи упарвувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите возачи биле соодветно санкционирани. Санкционирани биле и 11 останати прекршоци.
Сеуште важат одлуките за поседување на зимска опрема во возилата, и истата ќе трае до 15 март годинава. Исто така забрането е управување со моторно возило под дејство на алкохол, дрога, возење без возачка дозвола или неисправно или нерегистрирано возило. Се препорачува возење според дозволеното ограничување на брзината поставено по патиштата, и за секој прекршок следи соодветна санкција.
Лаура Стојанова М-Нет