2 милиони денари од Буџетот на Општина Кочани за третман со комарци годинава

Два милиони денари предвидува Локалната самоуправа на Општина Кочани од сопствениот Буџет за 2021 година во третманот со комарци. Комарците се најкарактеристични з Кочани И кочанско пред се заради одгледувањето на оризот. Во летните месеци нивното присуство е значително големо. Затоа се преземаат разни активности на локано ниво како и третмани со прскање против комарци за нивно намалување. Но, влијанието на комарците се чувствува и во околните општини, поради што имаше предлози за изнаоѓање на решение за нивно намалување и на регионално ниво.

Секоја засегната општина со проблемот со комарците самостојно бара решение за третирање на истите колку тоа го овозможуваат условите и Буџетите средства на самата општина.

„Општина Кочани секоја година врши третман на комарците и тоа со воздушно со авионско прскање и со земно прскање. И оваа година ние во Буџетот имаме предвидено 2 милиони денари за третман на комарците и веќе во тек е јавната набавка бидејќи сакаме да го фатиме овој процес на време“ – истакна градоначалникот Илијев.

Проблемот со комарците е регионален проблем, па Илијев со оптимистички став дека ова прашање ќе се разгледува и во наредниот период и ќе се работи на негово решавање. Со заеднички третман на комарците ефектот ќе биде поголем отколку поединечно третирање. Доколку пак дел од општините во Источниот дел од државата не го третираат овој проблем истиот станува по сериозен. Минатата година Општина Кочани имаше неколку акции за третманот со комарците но не се постигна посакуваниот ефект.

Лаура Стојанова М-Нет