
Снегот се стопи, но со тоа не се реши долгогодишниот проблем со улицата во село Владимирово, беровско. Жителите овде мака мачат за да излезат до продавница, да ги набават најосновните продукти за живот. Заради земјоделската механизација тракторите кои минуваат овде, друго превозно средство како што велат тие нема шанса да помине. Не дај боже, да има потреба од амбулантско возило, истото чека додека болниот во носилка се изнаса се заради проблемот со улицата.
Овие жители неколку пати по ред имаат апелирано до надлежните проблемот да се санира, и улицата да добие нов лик.
Според тврдењата на жителите оваа улица била тампонирана со глина, која претставува дополнителен проблем. Се лепи, не се минува по истата, на дожд кал до колена, на сонце невидена прашина. Градоначалникот на Берово, Пеќевски во телефонски разговор за мнет телевизија истакна дека во Буџетот за 2021 година нема предвидено средства за асфалтирање на оваа улица, меѓутоа ќе се направат напори за нејзино подобро тампонирање.
Според Пеќевски со истиот тампон каков што е ставено на улицата Димитар Влахов во Владимирово е тампониран и дел од патот кон селската гробишта, но проблемот со улицата е секојдневното минување на земјоделска механизација со што се создаваат бразди и се оневозможува минувањето на останатите превозни средства. Со подобрување на времески услови се очекуваат и зафати за санирање на оваа проблематична улица во Владимирово беровско.
Лаура Стојанова М-Нет