
Паркирани автомобили по тротоарите во населбата Осми Ноември во Штип повторно ги револтираат граѓаните. Пешаците велат дека мора да се движат по коловозот, каде врпочем се движат и автомобилите. Родители од населбата реагираат дека нивните деца нема простор каде да се движат и дека проблемот мора под итно да се реши, Повозрасните граѓани пред камерите на М-Нет телевизија го посочуваат проблемот стар со години. Велат дека нема доволно паркинг места во овој дел од градот, а и да има граѓаните бираат автомобилите да ги остават на тротоарот. За пешаците простор за движење нема.
„Зафанати се со коли, каде најдеме место таму се движиме. Кога иде кола треба или да стоеш да чекаш или…“ – велат граѓаните.
За вака настаната ситуација, конкретно во населба Осми Ноември свесен е и првиот човек на ЈП Стипион, Панче Стефановски. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој посочи дека се разгледуваат неколку начини како да се реши проблемот.
„Свесен сум за паркираните автомобили на тротоарите во градот, конкретно и за во наслебата Осми Номеври. Таму е лимитиран бројот на паркинг места, па граѓаните се паркираат каде ќе најдат слободно место. Во периодот кој следи ќе ја разгледаме можноста за поставување столпчиња на трототарите со цел да не се паркираат автомобили и да има простор каде да се движат пешаците. Во однос на прашањето за нови паркинг места треба дополнително да се разгледа таа можност, за што благовремено граѓаните ќе бидат известени“ – кажа Стефановски за М-Нет телевизија.
На терен постојано се и полициски службеници од СВР Штип, и се пишуваат казни за непрописно паркирање не само во населба Осми Ноември туку на цела територија на Штип. Полн со вакви казни секојдневно е и билетенот на СВР Штип. Од полицијата и денеска повторно апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги паркираат своите возила на соодветни места со цел да не се создава гужва, но и да има простор за пешаците.
Населба Осми ноември е само една од локациите во Штип каде возилата се паркирани по тротоарите. Автомобили по коловози, тротоари, пред влезови се честа слика, за која се бара најсоодветно решение.
Лаура Стојанова М-Нет