Над 500 пензионери беа дел од 13. Републичка ревија на песни, музика и игри која се одржа во Кочани

Околу 500 пензионери од повеќе градови од државата денеска беа дел од 13. по ред Републичка ревија на музика, игри и ора, која се одржа во Општина Кочани. Голем дел пензионери најпрво беа во паркот на револуцијата во Кочани, а потоа ја наполнија салата во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

Да се негува фолклорот е од големо значење, а на ваков начин се помага за поголема активност на пензионерите – истакна во својот говор претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

„Оставрувањето на овие регуионални, Републичката ревија на песни, ора и игри се презентира и сочувува фолклорот по овој основ, а и заради другите активности кои ги има Сојузот на пензионери на Македонија во 2022 година се стекна со статус од јавен интерес и е шеста организација со таков статус во нашата држава извршувајќи дејности и од поширшоко општествено значење“ – вели Трајкова.

Целта на денешната ревија на која домаќини беа кочанчани е исполнета, потенцираше Трајкова. На ревијата беа промовирани носии, стар накит, со што се презентираше фолклорот како синтеза на културното наследство на еден народ.

Пенизонерите денска во Кочани имаа можност да поминат квалитетно време заедно, поминато во игра, музика и дружба, додаде Трајкова.

Лаура Стојанова М-Нет