Возачите со отворени очи – нови одрони повторно на патните правци во истокот

Возачите со отворени очи на патниот правец Истибања – Делчево, нови одрони повторно пагаат по коловозот. Како што соопшти раководителот на Мак пат Влатко Цоневски од утринските часови екипите го чистат терен, но поради можни нови вакви појави, тој преупредува на зголемена внимателност. Возачите да се придржуваат до условите на патот и да ја почитуваат поставената сигнализација, се со цел да не дојде до несакани последици аплери Цоневски, нагласувајќи дека тој со екипите ќе бидат постојано достапни.

,,Oд Истибања до Делчево и од Делчево до Берово. Поради наќиснување на косините може да дојде до нови одрони. Би препорачале на возачите внимателно возење, придржување до условите на патот и на поставената сигнализација.“, рече Цоневски

Покрај нa овие патни правци, одрони има и на останатите планински региони, како што е и патниот правец Берово Виница, Берово Делчево, но особено најинтензивни се одроните на патниот правец Истибања Каменица, рече Цоневски.

Инаку, на овие патни правци, особено с. Истибања Македонска Каменциа има чести одрони, а како што наведува раководителот Цоневски, иако е поставена мрежа со цел истите да не пагаат на патот, сепак врнежите од дожд предизвикуваат свлекување на поголеми одрони. Вели проблемот е со години и е таков, затоа што овие патни правци се пробиваат точно низ планинските предели.

Иван Митев, М-Нет