ВМРО ДПМНЕ: СДСМ вработува по партиска и семејна припадност!

Назначувањето на новата директорка на поштата во Штип, ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип го означи како партиско вработување. По истото, од таму обвинуваат за добивање на функции не по стручност и професионален успех, туку по партиска и семејна припадност.

„Непотистички парови на функционерско ниво во СДС, не запираат. Од пред неколку денови, директорка на поштата е сопругата на директорот на затворот. Повторно имаме ситуација, кога брачна двојка држи две функционерски места. Таков е примерот со директорката на градинката „Вера Циривири Трена“ и командирот на ТППЕ Штип, како примерот со ВД директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и раководителот на подрачната единица во Штип на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Она што го зборуваме извесно време, станува непобитен факт.“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Тие велат дека Штип е место каде неколку фамилии го контролираат и управуваат животот на мнозинството граѓани. Од таа причина, според нив, на првите избори ќе падне оваа корумпирана, неподобна и неспособна гарнитура.

На ова од СДСМ велат дека од ВМРО ДПМНЕ излегуваат со неосновани обвинувања.

Во очај и безидејност, партијата која беше симбол на партизација на администрацијата излегува со неосновани обвинувања.

За разлика од нивното време на владеење, денес администрацијата и раководните функции се професионализирани, огласите се јавни и транспарентни и за сите кандидати важат подеднакви услови.

Пред да зборуваат за роднински врски при вработувањата, нека се потсетат дека нивната единствена реформа беше да се вработат партиски неадекватни и непрофесионални кадри.“ – рекоа од СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет