ВМРО ДПМНЕ на прес пред т.н зграда на Бочварци

Предвремените градоначалничќи избори во Штип продуцираат предвремени партиски препукувања. Викенд прес –конференција пред т.н зграда на Бочварци, денес пласираше партискиот портпарол   на Вмро Дпмне, Наум  Стоилковски.

Стоилковски го изнесе локално-опзициското скенирање на видувањата за наводните лични богатења на семејството Бочварски на сметка на државничките позиции и според него нелегални приватизации на градежни државни фирми. Во прашална форма ги сублимираше сите ветувања на сегашниот Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски за изградба на брана на реката Отиња како и за сите најавени а нереализирани проекти од страна на власта во изминатите три години. Генералниот потпарол на најголемата опозициона партија изнесе низа тврдења за атрактивната зграда лоцирана позади ООУ „Тошо Арсов“ за која изјави дека е сопственост на семејството Бочварски. Според Стоилковски оваа здание е рефлексија на немањето високаопштевствена свест и одговорност на висок функционер на власт кој се декларира како слуга на народот а во суштина си слугува за сопствените лични интереси и богатење.

Прозваниот од опозиционата партија актуелен министер  за транспорт и врски, Благој Бочварски денес не оговори експресно на опозиционерските констатации и обвинувања . Тој со  сопартиецот Зоран Китанов директор на ЈП за државни патишта и министерот за здравство, Венко Филипче во партиските простории  на ООСДСМ  ги сондираа последните селекции за лансирање на градоначалнички кандидат  од партијата на власт. По напуштањето на родниот Штип Бочварски денес направи увид во изградбата на експресниот пат Штип -Радовиш.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет