Научна анализа и кино -финиш на овогодинешната четврта„Текстилијада“

Со вечерашнава презентација Кино на отворено заврши   четвртото издание на  настанот„ Текстилијада 2020 “ организирана од   Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ .

 Констатацијата за ова издание на настанот што ја даваат организаторите  се однесува на  тоа дека  споредено  со  изминатите три изданија, овој е најголемиот настан од ваков вид во регионот, што се одржал  во Република Северна Македонија. Тие сметаат дека „Текстилијадата“ ја постигнала   својата мисија а тоа значи дека  ги поттикнала  младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните кои воглавно беа  се од социјален и уметнички карактер на  јавноста и била   прикажана  потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работничките.

Овогодинешната „Текстилијада“, ја оствари целта  отворајки ја темата   проблематиката за почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со Ковид-19 Добропознатото мото  „Работнички права во време на Корона – Корона права“одекнуваше во изминативе три дена а се  создаде  и продуктивен дијалог со носителите на одлуки, институциите и работодавачите, работниците и работничките .На овој настан голем интерес побуди и настапот со конкретни економски анализи на еден од поранешните министри за економија д-р Никола Поповски

 Од „Гласен текстилец“ констатират  дека е возможно здружено и солидарно да се дејствува и да се  изнајдат  решенија од кои сите  ќе излезат  поорентирани и зајакнати од оваа здравствена, економска и социјална криза. Инаку токму денешната последна дебата  ги разбранува ставовите на учесниците  за влијанието на КОВИД -19 врз нископлатените и трудоинтензивни  гранки. На денешната средба не присувствуваше Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи кој се наоѓа во самоизолација поради коронавирусот .

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет