Владо Режанков победник на билјард турнирот во Штип, второ место за Љупче Козарев – одиграни 193 меча со 14 часа игра!

Успешно се одржа првиот турнир во билјард во Штип за 2026 година во организација на билјард клубот Штип, а на кои настапија 12 учесници што е максимум за една билјард маса.

Првото место го освои Владо Режанков, а пак второто место му припадна на Љупче Козарев.

На турнирот беа одиграни фантастични 193 меча, во 14 часа игра. Турнирот започна во 9:30 часот, а се играче во 23:30 однсоно цели 14 часа игра.

Билјард клубот Штип е прв професионален клуб за ваков спорт во градот под Исарот, кој и минатата година организираше турнири за кои интересот беше голем, што е потврда и со зголемениот број на членови во клубот, за што Кире Донев претходно потврди за М Нет телевизија.

Инаку, билјард клубот Штип вториот турнир планира да го реализира на 25 односно 26 април годинава, дисциплина десетка.

Александар Ванев, М-Нет