Владата размислува за нови мерки – филтри на оџаците за илјадници домаќинства

Владата размислува за нови мерки, Филтри на оџаците за илјадници домаќинства, пред стартот на новата грејна сезона. Премиерот Мицкоски денес од Штип најави можност за субвенции за филтри на оџаците за 5.000 до 10.000 социјално ранливи домаќинства – како дополнителна мерка покрај поддршката за струја.

,,Сигурен сум дека ќе ги олесни семејните буџети, односно ќе ги растерети би рекол, така што мислам дека и во иднина и во периодот кој што ќе следи треба да почнеме да размислуваме и во таа насока. Сега кога сме кај затоплувањето на домовите за нешто помалку од еден месец би рекол ќе започне грејната сезона, јас денеска имаме влада и би сакал под предлози и прашање да отворам на една многу значајна точка бидејќи гасификацијата е процес кој што ќе трае подолго, нема да имаме брзи резултати. Може би треба да размислиме по истиот принцип како што субвенционираме за клима уреди, за топлински пумпи и за ваков тип на субвенционирање на сметки за социјално ранливи категории на од прилика пет до 10.000 домакинства да им обезбедиме филтри на оџаците.“, Мицкоски

Мицкоски посочи дека, според податоците од редовите, голем број домаќинства кои користат дрва значително го намалиле загадувањето преку субвенционираното инсталирање филтри на оџаците.

,,Оние домакинства кои што користат дрва, изминативе неколку дена работев на оваа проблематика и гледам дека голем дел од редовите на тој начин го намалиле загадувањето по принципите на прв дојден, прв услужен, ги субвенционирале како влада инсталирање на таков тип на филтри на оџаците на оние домакинства кои што се затоплуваат со фосални горива и дрва.“, додаде Мицкоски

Со ваквите мерки, Мицкоски потенцираше дека Владата се обидува да обезбеди помош за граѓаните во пресрет на студените месеци, со фокус не само на олеснување на сметките, туку и на намалување на загадувањето и подобрување на енергетската ефикасност.

Иван Митев, М-Нет