Високи победи и голем број на погодоци во Трета лига – Север на последните две кола!

Само на последните две одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Север беа постигнати огромен број на погодоци. Во 23. коло беа постигнати 51 погодок, а најголема победа забележа Шкендија Арачиново од 16:1 на Ржаничино.

Но, голем број на голови имаше и на останатите натпревари, па така Башкими Љуботен го доби Еуромилк ГЛ со 3:4, а пак Беса Влазрими го доби Куманово во натпревар со 11 гола за конечни 5:6. Аеродром и Њу Старс ремизираа 2:2, Кадино и Риниа одиграа 3:3, Пчиња со 3:1 ја доби Фортуна, а пак БВК Коњаре со 2:0 ја доби Академија Илинден.

Ова беа резултати од 23. коло, но што донесе вчерашното вонредно 24. коло на Трета лига – Север.

Поранешниот второлигаш Еуромилк ГЛ ја победи Риниа во меч со неверојатни 12 гола за конечни 4:8, Кадино пак славеше над Фортуна во натпревар со седум гола за конечни 3:4, Беса Влазрими и Пчиња ремизираа 1:1, Куманово беше подобар од Ржаничино со високи 2:5, Њу Старс и БВК Коњаре ремизираа играјќи 2:2, а пак Башкими Љуботен со 6:3 славеше над Аеродром на овој меч имаше девет гола.

Натпреварот меѓу Академија Илинден и Шкендија Арачиново не се одигра бидејќи домашниот тим не се појави на теренот и овој меч е регистриран со службени 0:3.

Тоа значи дека во рамки на 24. коло беа постигнати 41 гол несметајќи ги трите службени гола од мечот меѓу Академија Илиден со Шкендија Арачиново, во тој случај се 44 гола.

Во овој регион Шкендија Арачиново се подготвува за баражот за Втора лига, а од лигата испаднаа Риниа, Њу Старс и Академија Илинден.

Александар Ванев, М-Нет