Висока победа за Тиверија Брера против Каменица Саса, Љуботен и Скопје убедливи!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото екипата на Тиверија Брера со 3:0 го доби дербито на колото против Каменица Саса во Струмица.

Меч каде Тиверија Брера имаше повеќе шанса за погодок, а во првиот дел по поништениот гол проади офсајд на домашниот тим, Теона Галабовска постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Саса се обидуваше да постигна гол креираше шанси, но без успешна завршница, а домашниот тим преку втор гол на Галабовска дојде до 2:0 во 78. минута, а четири минути подоцна Кристин Нафула погоди за конечни 3:0.

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Атлетико забележа победа од 2:0 над Истатов на домашен терен, мечот резултатски беше отворен во 34. минута со голот на искусната Симона Тасева, а во 44. минут Канита Емини доби директен црвен картон, со што гостинот беше со играч помалку на терен. Во вториот дел со гол пенал на Тамара Нешковска беше поставен конечните резултат од 2:0.

Љуботен преку погодоците на Васкез, Накова, Охадиве, Величковска и Мустафа дојде до убедлива побед од 1:5 над Ас Јунајтед. За тимот од Струга стрелец беше Луканова.

Скопје преку хет-трикот на Кристина Крстева со 4:1 го декласираше Топ Гол на домашен терен. За домашниот тим гол постигна и Елена Наумоска, а за гостинот погоди Маргарита Талевска.

Во трката за титулата остануваат шампионот и лидер Љуботен, како и Тиверија Брера која е втора.

Александар Ванев, М-Нет