Третолигашот Венец од Долни Дисан со црни маици „Кочани“ посветени на жртвите во Кочани

Третолигашот Венец од Долни Дисан на вчерашниот меч против Питу Гули од 16. коло на Трета лига – Југ, на теренот излезе со црни маици „Кочани“, кои беа посветени на жртвите од големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, каде за жал животот го загубија 59 лица.

Инаку, овој меч се одигра вчера, а екипата на Венец со минимални 1:0 го доби мечот против Питу Гули од Крушево, а стрелец на истиот беше Петар Ристовски.

Спортските натпревари започнуваат со минута молк, а клубовите во знак на почит на терен излегуваат со црни маички, некои од нив носат и црни траки на раката, во знак на почит кон жртвите.

Александар Ванев, М-Нет