Виничанката Маријана Николова со најава за нов роман

Виничанката Маријана Николова активна со два тековни проекта. За проектот „Поетска среда, книжевен петок“ вели дека идејата се родила во текот на карантинските денови. Причината за ваков проект е непресушиот извор на песни од наши поети и писатели великани. Како што вели таа, истите вреди да бидат слушнати и прикажани на читателскита публика во еден поразличен формат.

Проектот „Даскалот“, пак, нејзе како македонист ѝ е особено драг. На таква идеја дошла имајќи го предвид огромниот број граматички грешки кои ги среќаваме. Сакала на еден поинаков начин да ги потенцира правилата за правилно говорење и пишување. Како што вели таа, македонскиот јазик е наш и треба да си го учиме и знаеме.

Инаку, Маријана активно пишува и самостојно. Вели дека прозата и е при срце, повеќе од поезијата. Таа досега има објавено две книги: романот „Необична приказна“ и збирката раскази „Капка неиспиена љубов“, а најавува и трета книга.

Маријана вели дека сака да го негува пишаниот збор и преку интерпретација и преку пишување, па за неа е особено задоволство кога работи на вакви проекти.

Ребека Спасова МНет