
Македонската кошаркарска јавност деновиве ја разбрануваат разно – разните коментари за неколкуте млади играчи кои не се одзваа на повикот за да присуствуваат на репрезентативните подготовки. Селекторот Драган Бајиќ, потоа претседателот Перо Антиќ и директорот Тодор Гечевски искажаа разочараност од ваквите испади на младите кошаркари. Притоа прикажаа педагошка незрелост префрлајќи директна нивна вина без притоа да наведат некоја нивна евентуална оправданост за ваквата постапка. Нивниот прес предизвикаа невидена лавина од реакции на социјалните мрежи кои беа во одбрана на младите кошаркари. За овој случај побаравме мислење од нашиот кошаркарски стручњак Борче Илиевски – Шанса кој со години мошне успешно работи и има остварено свој бренд во Исланд и кој одлично ги знае состојбите во македонската, европската па и светската кошарка а деновиве е на одмор во Штип.

- „Јас сум повеќе запознаен со овој случај и слободно ќе кажам неколку аргументи. Мартин Хермансон деновиве се извини на Исландската федерација дека не може да им помогне во репрезентативните обврски. Исто така црногорскиот центар Бојан Дубљевиќ нагласи објективни причини дека не може да им помогне на своите репрезентативни другари. И Ненад Димитријевиќ овојпат е во право, тој како и исланѓанецот Хермансон и црногорецот Дубљевиќ имаат клубски обврски и на 10 август мора да се во Валенсија. Дали имаат договорни клаузули за евентуален репрезентативен настап – тоа треба да се провери“.
Раководството на Македонската Кошаркарска федерација дури и се закани со евентуални санкции и казни притоа спомнувајќи ја и ФИБА.
- „ Тоа се средства за притисок кој не се многу популарни иако во минатото имавме случај со казнувањето на Владо Илиевски за кого знаеме кој беше и што направи за македонската репрезентација. Во вакви случаеви треба да надвладее разумот и да се најде заеднички компромис а не да се казнува“.
За можноста дека младите македонски кошаркари не сакат да го облечат дресот со нeпопуларната кај народот додавка НОРТ, Борче Илиевски – Шанса изјави дека како спортски педагог не сака да навлегува во таква евентуална полемика и дека тоа е политичка тематика со потврда дека Нено е наша македонска иднина.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk