Централното градско подрачје празно, граѓаните ги почитуваат препораките

Граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од активираната портокалова фаза за опасност од високи температури. Во текот на овие два дена, во нашава земја повторно важи актуелното предупредување од УХМР. Меѓу препораките кои важат и во текот на овие два дена, граѓаните ја почитуваа онаа во која не е препорачливо да се излегува во период од 11 до 17 часот.

Eкипата на МНет Телевизија беше на терен во централното градско подрачје, но и на игралиштата и пешачката патека во Штип. Таму луѓе едвај имаше.

За заштита од топлото време граѓаните велат дека се заштитуваат пиејќи многу течности и се придржуваат до препораките на медицинските лица.

Инаку, се очекува температурите да бидат енормно високи во текот на овие два дена, а од четврток истите ќе бидат просечни за овој период од годината.

Ребека Спасова МНет