
Следниот викенд започнува новата сезона 2024/2025 во Втората македонска фудбалска лига. Вкупно 16 екипи ќе се натпреваруваат во Втората лига која веќе трета сезона во низа е единствена.
Првите две места обезбедуваат директен пласман во Прва лига, третопласираната екипа ќе игра бараж со десеттопласираната екипа од Прва лига, последните две екипи испаѓаат директно во Трета лига, а пак 14-то пласираната екипа ќе игра бараж за опстанок во Втора лига со еден од петте шампиони во Трета лига.
Првата сезона во Втората лига се одигра во сезона 1992/1993 кога Љуботен беше шампион, вицепрвак беше Караорман, а трет заврши тимот на Скопје.
Викендот ќе започне 33 издание од Втората македонска фудбалска лига, а во минатото Втората лига имаше неколку реорганизации. Во минатото 20 сезони беа одиграни како единствена Втора лига, а новата сезона 2024/2025 ќе биде 21-то издание од Втора лига како единствена.
12 сезони беа одиграни како Втора лига – Исток и Втора лига – Запад, последните две како единствена Втора лига, а од следниот викенд и новото издание ќе биде трето во низа како Втората македонска фудбалска лига се игра како единствена со 16 екипи.
Шкендија, Брегалница и Македонија ЃП по трипати ја имаат освоено Втората лига. Тетовскиот прволигаш шампион во Втора лига беше во сезона 95/96, 99/00 и 2009/2010, а пак штипјани шампиони во Втора лига беа во сезона 95/96, 2003/2004 и во сезона 2020/2021 кога „сините“ последно се вратија во Прва лига. „Лавовите“ Втората лига ја освоија во сезона 94/95, како и во 2012/2013 и 2017/2018. Оваа сезона битката ќе биде меѓу штипските „сини“ и „лавовите“ за четврта титула во Втората лига.
По две титули имаат Куманово, Пелистер, Беласица, велешки Борец, Скопје, прилепска Победа и Силекс, по една титула во Втората лига имаат Љуботен, Охрид, Кожуф, Победа од Валандово, Работнички, Осогово, кичевски Напредок, Тиквеш, Башкими, Влазими, Милано, Турново, Тетекс, 11 октомври, Шкупи, Академија Пандев или сега Брера Струмица, Струга Трим Лум, Воска Спорт и последно Беса која за првпат се пласираше во Првата лига.
И во новата сезона на телевизија М Нет ќе може да ги следите фудбалските возбудувања од Втората лига, преку директни преноси од стадионите ширум државата, со отворени студија и гости, анализи и дебати, разговори.
Во новата сезона нашите графики и статистики се збогатени со комплетна статиска за секој натпревар, со што се стремиме македонскиот фудбал да подигнат на многу повисоко ниво.
Продолжува одличната соработка на телевизија М Нет и Фудбалската федерација на Македонија и во новата сезона од Втората лига, а нашата соработка ќе продолжи и во иднина со поголема видливост на Втората лига, меѓутоа и на Третата и Општинската лига, преку директни преноси. Првиот фудбалски пренос на телевизија М Нет беше од 15. коло од Втора лига – Исток одигран на 11. декември 2021 година меѓу екипите на Кит Го од Пехчево и Каменица Саса во сезона 2021/2022 година, а од тогаш до денес е голем бројот на преноси кои телевизија М Нет ги има реализирано, а со тоа се потврдува уште еднаш нашата успешна соработка со ФФМ.
Александар Ванев, М-Нет