Летниот период е причина за појава на алергии на очите, се апелира на редовна контрола

Летниот период кога сончевите зраци содржат најмногу UV зрачење, покрај за кожата е причина за наштетата и кај очите. Најчести проблеми со кои се соочуваат пациентите во текот на летото се инфекции и бактерии, како и алергии вели офталмологот Кристина Шишарица и апелира на редовна контрола.

“Во нашата ординација има пациенти од секоја возраст, повозрасни пациенти кои што во летни услови можат да имаат некакви инфекции бактериски, вирусни. Потоа проблеми со алергии и секако повозраснта груа на пациентите доаѓаат поради намален вид со проблемот народски познато како перде“ истакна Шишарица

За лицата кои што веќе имаат очен проблем, потребно е да вршат рутински прегледи, додека за лицата кои немаат никаков проблем, препораката гласи да се прави контрола еднаш годишно.

“Кај пациентите кои што веќе користат очила препорачуваме рутински прегледи еднаш во годината, доколку нема никаква промена т.е пациентот не забележал никаква промена во диоптријата. Секако дека дури има било каков проблем препораката е да се направи контрола веднаш, а рутински кај луѓето кои мислат дека немаат проблем, препораката е еднаш во годината да се направи редовен офтомолошки преглед.“ вели Шишарица

Старосната диоптрија е дел од природниот процес на стареење на окото, која најчесто започнува да се јавува кај лицата во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја виткаат природната леќа која е во облик на диск за гледање на далечина. Старосната диоптрија се корегира со вградувње исто така на други леќи, додека изборот за нив зависи од здравјето на очите и неговите видни потреби.

Лаура Стојанова, М-Нет