
Викендов кон Пониква ќе се вози меѓунардоната авто – рели трка. На патеката во должина од 5,3 километри ќе се тркаат 30 возачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Полска. Стартот на трката е од градската депонија кон Пониква до пред Шумската куќичка. Утре ќе се оджи тренингот, а трката е закажана за в недела. Патот кон Пониква ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот и двата дена. Првиот старт на трката е закажан за во недела во 9 часот, а вториот половина час подоцна.
Огранизатор на трката е Автомобилистичката федерација на Македонија со техничка поддршка од авто клубот Перформанс од Скопје и Здружение на возачи Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет