Гореа контејнери, ѓубре и трева кај Турските гробишта во Штип

Контејнери, ѓубре, трева денеска гореше во Штип. Кај турските гробишта, улица Широк дол во Штип нешто по 13 часот избувнал пожар на отворено, во кој гореше ѓубрето околу контејнерите и тревата. Граѓаните велат дека само виделе како наеднаш пожарот се зголемил па пријавиле во ТППЕ Штип. На лице место се интервенирало веднаш.

Од ТППЕ Штип велат дека на терен излегле со две возила и пет пожарникари и дека сега пожарот е ставен под контрола.

„Добивме пријава дека горат контејнерите на улица Широк дол во Штип. На терен кај турските гробишта излеговме веднаш со две противпожарни возила и пет пожарникари. Како што беше пријавено гореа контејнерите, ѓубрето околу нив и тревата. Но, сега е изгаснато и пожарот е ставен под контрола“ – истакна Коцев за М-Нет телевизија.

И понатаму апелот до сите граѓани останува ист, да не се пали оган на отворено особено на вака високи дневни температури со цел да не настане пожар од големи размери кој може да причини огромни материјални штети.

Лаура Стојанова М-Нет