Денес 2 и 3 јули штипјани ќе можат да го гледаат документарниот филм „Сите ќе умреме“ кој ќе биде прикажан во Дом на млади. Во режија и сценарио на Сашко Потер Мицевски. Станува збор за документарен филм кој ја покажува економската несигурност која го приморува работниците во штипската погребална служба да пронајдат начини за да добијат повеќе работа во погребалното. Се поставува и прашањето дали парите се најважни во животот?
Повикот за филмови е отворен и веќе ќе се прикажува во повеќе населени места и градови благодарение на фестивалот Македокс ова е 12 издание по ред и паралелно со фестивалот доаѓа и Патувачко кино, документарни филмови
„Дојдовме до идеја и веќе ова е 12 издание по ред. Еве и штипската публика ќе има можност да проследи документарен филм. Веќе бевме во неколку градови низ Македонија и целта ни е да ги посетиме тие места каде веќе со години не се прикажувало филм. Затоа и еве дојдовме до решение да биде само за време на викенди.“ Изјавува, Феро- дел од тимот на Македокс
Со оглед на тоа што сите бевме затворени дома немавме настани, манифестации луѓето се заинтересирани и поголема е заинтересираноста за филмовите. Да видат нешто ново. Режисер и сценарист на самиот филм е штипјанецот Сашко Потер Мицевски
„Многу добро ја прикажува улогата Зоран кој ги прикажува сите проблеми кои се случуваат па и затоа треба тие што се дел од филмот да знаат на кој начин да бидат во тек со него. Овој документарен филм ќе има и промоција и во Охрид.“ Изјавува, Мицевски- режисер на филмот „Сите ќе умреме“
Овие се само дел од настаните кои се предвидени за штипската публика.
Надица Стојковска/ М Нет
