Вероника Карашова младиот ликовен талент со блескава иднина!

Ликовната уметност е творештвото на човекот. Му нуди вештини за стекнување, трајни во изразувањето на ликовната уметност. Со неа ликовниот уметник ги изразува своите емоции, своите гледишта во светот. И ја претставува својата имагинација. Постојат различни техники на изразување претставени на ликовното платно. И секогаш се темелат во процес на творење, процес на нешто различно и ново.

Во ликовната уметност се повеќе и повеќе се раѓаат нови талентирани деца. Кои со своите вешти рачиња ја изразуваат својата фантазија, својата желба и радост да се гледаат во иднина со свои сопствени идеи. Упорноста и талентот кои го постигнуваат од мали нозе се гордоста на своите ученици. Кои растејќи ги усовршуваат своите ликовни способности. Младата и талентирана Вероника Карашова е младиот иден талент. Од својата 6 годишна возраст се препушта на ликовната уметност.  На свои 12 години, црпејќи ја  уметничката инспирација, создава прекрасни уметнички дела. Најмногу сака да црта со молив и обожава да сенча. Сиво- бела комбинација и е омилена која сака да ја гледа на ликовното платно. Техниките кои ги користи се акварел и сенчање. Во слободно време најмногу сака да црта пејзажи.

„Јас научив да цртам уште од мала. Учејќи од мојот татко, сакав да цртам и најмногу сакам да цртам со молив и сенчање. Во иднина се гледам како млад ликовен уметник , каде ќе имам сопствено ателје приложено од мои сопствени уметнички дела“. изјавува, Карашова

Кога ученикот ќе го совлада учителот. Тогаш за учителот тоа е најдобрата награда, успеал да им го пренесе своето знаење. Анастасија Петрова, раководител при школата за уметност и ракотворење „Еуроарт“. Горда на Вероника, која вели дека има голем потенцијал за ликовната уметност. Децата со уметноста ги развиваат моторичките способности, својот талент и визии.

„Со помош на ликовната уметност се изразуваат моторичките способности кои помагаат во иднина на младите уметници. Исто така, горда сум на Вероника која уште од мала возраст ги изразува своите ликовни вештини. Вероника исто така, е вклучена во многу предстојни активности кои сакаме да ги реализираме за ден на пролетта. Станува збор за традиција која ние штипјани треба да ја негуваме и чуваме“. Изјавува, Петрова

Да се продолжи со цртањето и пред се’да се верува во себе. Бидејќи, уметноста не познава граници. Помага да се открие скриениот талент во себе, се надминувате себеси. Зашто, тоа е клучот до успехот.

Банер: Вероника Карашова младиот ликовен талент со блескава иднина!

Надица Стојковска / М Нет

Дарко Лазев / М Нет