Вардар „потопен“ во Струга и се сели во Втората фудбалска лига на Македонија

Денес се одиграа натпреварите од претпоследното 32 коло на ПМФЛ во кое се разрешија некои дилеми околу врвот и околу дното на табелата. Нашиот најдобар македонски клуб,Вардар со поразот во Струга конечно испадна од Првата лига а тимот на Струга Трим Лум е поблиску до европските купови. Борец е сигурен а Академија Пандев со денешната победа на гости а со меч во последното коло дома против Борец скоро го обезбеди прволигашкиот статус а за бегство од незгодниот бараж сеуште теоретски спас ќе бараат Силекс и Ренова. Еве ги комплетните резултати од ова претпоследно 32 прволигашко коло:

  1. Баласица – А. Пандев 0:2
  2. Борец – Ренова 2:0
  3. Македонија ЃП – Шкендија 3:4
  4. Работнички – Силекс 3:1
  5. Шкупи – Пелистер 0:0
  6. Струга ТЛ – Вардар 1:0

Табела

  1. Шкендија 74
  2. Шкупи 58
  3. Струга ТЛ 54
  4. Македонија ЃП 52
  5. Работнички 47
  6. Пелистер 42
  7. Борец 40
  8. А. Пандев 38
  9. Силекс 36
  10. Ренова 35
  11. Вардар 31
  12. Беласица 17

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk