Вардар Неготино ги започна подготовките со нов стручен штаб и нова управа!

Второлигашот Вардар Неготино ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026. Клубот од Неготино доби нова управа, а ќе има промени и во стручниот штаб.

Со првиот состанок на стручниот штаб и играчи, како и со првиот тренинг на „Цвај арената“ второлигашот од Неготино ги започна подоготовките за новата сезона.

Од клубот има неколку заминувања, а ќе се работи на ангажман на нови засилувања и договарање на пријателски натпревари за проверка на формата.

Клубот ќе го води Горан Стојановски, а во стручниот штаб со него како помошници ќе бидат Марјан Смилков и Маријан Стојанов?

Новата сезона ќе биде исполнета со предизвици со оглед на тоа дека лигата ќе се скрати од 16 на 14 екипи, а токму поради оваа кратење дури пет екипи директно ќе испаднат од лигата, а три ќе играат бараж за опстанок.

Целта на Вардар Неготино ќе биде да се избори директен опстанок во лигата, а тоа ќе значи дека тимот ќе треба да заврши во првите осум на табелата.

Во следните денови и официјално ќе бидат претставени нови засилувања и потврда на договорените пријателски натпревари преку кои тимот ќе ја проверува формата.

Новата сезона во ВМФЛ започнува на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет