
Фудбалерките на Кочани утре ќе го одиграат натпреварот од 5. коло на Првата женска фудбалска лига против дебитантот Вардар. Соочување на две екипи кои бараат прва сезонска радост, а пак Вардар ги бара и првите бодови како прволигаш.
Ова е дерби од дното на табелата дерби за бегство од опасната зона и прогрес на табелата.
Вардар за првпат игра во Првата женска фудбалска лига, досега тимот нижи само високи порази, а против Кочани гледа идеална шанса да се израдува на првите бодови како прволигаш, всушност тоа е и идеална шанса за Вардар да го напушти дното од табелата каде се наоѓа без бодови.
Кочани, пак, по неколку години поминати во Втората лига се врати во фудбалската елита на Македонија, а поранешниот шампион во Вардар гледа идеална шанса за прва сезонска победа и со тоа можност да се пробие до седмата позиција на табелата, бидејќи тимот на Оливер Андоновски е претпоследен со само еден бод на своето конто.
Натпреварот се игра утре во Скопје.
Колото ќе се затвори утре исто така со уште еден натпревар дерби на шампионот Љуботен и Скопје, две екипи кои се максимални на табелата и имаат четири од четири.
Претходно, во рамки на оваа рунда Истатов дома загуби од Каменица Саса со 0:2, Речица претрпе пораз од Тиверија Брера со 1:2, а пак Ас Јунајтед со 1:0 славеше над Топ Гол
Александар Ванев, М-Нет