Вардар го доби Новаци и се пласираше во четвртфиналето во Купот на Македонија

Бранителот на Куп титулата, екипата на Вардар со 3:1 го доби второлигашот Новаци и обезбеди четвртфинале во Купот на Македонија.

Фаворитската улога беше сосема очекувано кај прволигашот Вардар, кој не виде мака и лесно се справи со второлигашот и со тоа обезбеди место меѓу најдобриот осум.

Едиз Спахиу погоди за водство на Вадар, а потоа гол постигна и Азер Омерагиќ за водство на Вардар од 2:0. Во 44. минута Ивановски од белата точка намали на 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ворен во 79. минута ги постави конечните 3:1.

Досега седум екипи обезбедија четвртфинале тоа се Силекс, Струга Трим Лум, Работнички, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица и Охрид.

Последниот патник ќе се добие од дуелот меѓу Шкендија и Тиквеш, кој се игра на 19 ноември.

Александар Ванев, М-Нет