
Ракометарките на Астибо во меч од шестото коло на Суперлигата ќе се соочат на домашен терен во Штип со фаворитот Металург Автокоманда. Гостинскиот тим од Скопје ќе биде голем фаворит против Астибо, кој ќе се обиде да изненади и да освои бодови во овој за нив тежок дуел.
Шампионот Ѓорче Петров на домашен терен ќе има лесна задача против Вардар и повеќе од јасно е дека бодовите треба да одат на контото на „лавиците“. Пелистер ќе бара прва радост и први бодови против Спартак на домашен терен. Пелистер нема освоено бод, а пак Спартак има две ремија и ќе бара прва сезонска радост, ова ќе биде дерби од дното на табелата.
Лидерот Чаир на домашен терен како фаворит ќе игра против Куманово, во меч каде се очекува бодовите да останат дома.
Александар Ванев, М-Нет