
Екипата на Вардарски е есенски шампион во Трета лига – Исток на едно коло пред крајот на есенскиот дел, откако денес во Пробиштип со 0:2 забележа победа над Рудар.
По мирните мрежи во првиот дел, на стартот од вториот дел Џамов покажа на белата точка за гостинот од Богданци, а Стојанчо Наков успешно реализираше од белата точка во 49. минута. Три минути подоцна Мирче Попов ја стресе мрежата на Рудар за 0:2.
До крајот на првиот дел Рудар се обидуваше да постигна гол и да се врати во игра барем за бод, но конечниот исход во Пробиштип остана 0:2 за Вардарски кој е есенски шампион.
Карбинци и Ударник ремизираа без голови (0:0) и ги поделија бодовите, а пак во Берово пукна „петарда“, откако Дојранско Езеро со 0:5 го декласираше Малеш.
Домаќинот во првиот дел пружи отпор и на полувреме мрежите мируваа (0:0), а во вториот дел одбраната на Малеш се распадна како кула од карти.
Гостинот од Дојран до победата стигна со трите гола на Митко Цонев и двата гола на Александар Черкезов.
Тиверија на домашен терен со минимални 1:0 ја сруши Слога од Виница, откако во 61. минута Трајче Димитриев беше стрелец на победничкиот гол за струмичани.
Со овој пораз Слога прави чекор назад во борбата за експресен „кам-бек“ во Втората македонска фудбалската лига, па во пролетниот дел ќе ја очекува многу тешка борба за да ја оствари својата цел.