Бујар Иљази се раздели со Шкендија Арачиново


Фудбалерот Бујар Иљази повеќе не е дел од екипата на Шкендија Арачиново. Веста за прекинот на соработката ја потврди самиот играч, кој со голема почит се осврна на периодот поминат во црвено-црните редови.

„Можам да потврдам дека повеќе не сум дел од Шкендија. Имав одличен период во Шкендија Арачиново. Заедно направивме убави работи, напредувавме од година во година и по многу години го вративме клубот во Втората лига. Ви благодарам на сите за многу коректната соработка. На Шкендија ѝ посакувам многу успех во иднина, а во наредните денови ќе одлучам за мојот следен чекор“, изјави Иљази.

Иљази беше еден од клучните фудбалери во историскиот успех на Шкендија Арачиново, особено минатата сезона кога тимот обезбеди пласман во Втората лига. Навивачите ќе го паметат и по решавачкиот погодок во бараж-натпреварот против Осогово од Кочани, со кој беше заверен долгоочекуваниот второлигашки пласман.