Бурхан Мустафа не е повеќе голман на Гостивар

Есенскиот шампион во Втора лига, Гостивар, остана без првиот голман, Бурхан Мустафа, откако двете страни се разделија.

32-годишниот искусен голман, во Гостивар пристигна во летниот преоден рок, но по шест месеци, тој се разделува со Гостивар и ќе бара нов средина каде ќе ја продолжи својата кариера.

Мустафа е голман со големо прволигашко искуство, кој во својата кариера има настапувано за Работнички, Борец, Шкупи, Еуромилк ГЛ и Дрита, додека пак на меѓународната сцена настапуваше за Феризај од Косово.

Гостивар е есенски шампион во Втора лига, без ниту еден пораз на 14 одиграни натпревари, а во пролетниот дел целта ќе биде директен влез во Првата македонска фудбалска лига.