
Брегалница го реши прашањето околу тренерското место, откако вчера и официјално го промовираше Горан Здравков како нов шеф на стручниот штаб.
За време на зимската пауза се очекуваат промени во тимот на „сините“, кои во пролетната полусезона треба да бидат поуспешни во однос на есенската полусезона.
Откако Брегалница спогодбено го раскина договорот со Себастијан Херера, официјално спогодбено е раскинат договорот и со Касни Рашид Фајсел.
27-годишниот играч од среден ред одигра 13 натпревари во дресот на Брегалница, поминувајќи 831 минута на теренот, а притоа забележа и една асистенција.
Херера, пак, се поврзуваше со трансфер во Шкендија, сепак, до овој момент, сè уште нема официјализација на овој трансфер.