
Корона пандемијата откако започна пред 9 месеци, не стагнира, т.е. секојдневно бројот на заразени пациенти расте, а со тоа се зголемува и потребата од нови болнички кревети како и зголемен болнички персонал. Откако претходно персоналот се намалуваше, се покриваа медицинските лица меѓусебно, бидејќи голем дел од нив без во изолација, на денешниот прес директорот на Клиничката болница – Штип, д-р. Ален Георгијев информираше дека Инфективното одделение располага со доволен број на персонал. На Инфективното одделени во Штип моментално има 65 кревети за лицата болни од Ковид – 19, со тенденција и работа истите да бидат зголемени. Бројката на пациенти со тешка клиничка слика се движи околу 23 до 24. Клиничката болница во Штип, соработува и со новоотворените Ковид – центри во Скопје, па доколку има потреба пациентите се препраќаат таму. Респираторите со кои располага Клиничката болница во Штип, досега сеуште не се вклучени, – дознаваме од директорот на болницата, д-р. Георгијев, а за текот на мотажната – ковид болница, не упатија за прашања во Министерството за здравство.
Лаура Стојанова М-Нет