На денешниот прес на ТМРО, кандидтот за градоначалник Лазар Наумов со свое обраќање до јавноста

По започнувањето на кампањата за предвремени избори за градоначалник на Општина Штип и Пласница, денеска свое обраќање до јавноста имаше кандидатот за градоначалник од Радикалната партија ТМРО, Лазар Наумов.
„Водечките планови и идната програма ќе бидат дополнително презентирани, секојдневно во предизборната кампања“ – ни кажа Наумов.
Предизборната кампања започна на 21 ноември и истата ќе трае до 10 декември. Тоа е периодот во кој, кандидатите за градоначалник на градот под Исарот, ќе можат да ги презентираат своите планови и работни активности. Потоа започнува изборниот молк од 10 декември. На престојните предвремени избори за градоначалник, ќе се гласа три дена односно на 11ти, 12ти, и 13ти декември.

Лаура Стојанова М-Нет