
Денес ќе бидат одиграни натпреварите од 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, а втората рунда ќе ја одбележи „вечерното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер.
Вардар е далеку поуспешен во однос на Пелистер во меѓусебни дуели, но најтрофејниот клуб нема трумф над битолчани во последните седум години, па тоа ќе биде дополнителен мотив за Вардар на денешниот меч кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ од 20 часот под рефлектори.
Струмичани успешно ја отворија новата сезона откако на домашен терен со 3:1 славеа висока победа над Вардар, а пак Силекс со пораз ја започна новата сезона откако во Скопје загуби од Работнички.
Брера сака нов триумф, нови три бодови и со тоа успешно да ја стварува мисијата за новата сезона, во која ќе ги напаѓа горните места од табелата и со тоа да обезбеди излез во Европа.
Гостивар како домаќин ќе игра на Градскиот стадион во Штип против Шкупи, ова ќе биде дуел во кој и двете екипи ќе бараат прва победа во новата сезона, откако на стартот од истата ремизираа.
Шкендија по успешниот старт на домашен терен ќе го пречека Работнички, дуел на две екипи кои во првото коло забележаа победи, со тоа што победата на тетовчани беше далеку по убедлива.
Шампионот Струга на домашен терен ќе се соочи со новајлијата Беса во меч каде шампионот сака победа на патот кон одбрана на титулата, а пак Беса ќе атакува на прва дебитанска победа во елитат на Македонија.
Освојувачот на Купот на Македонија на домашен терен ќе се соочи со Воска Спорт, охридскиот прволигаш е во изменет лик од минатата сезона со млада екипа со која ќе се обиде да направи изненадување против фаворитот Тиквеш.
Сите натпревари се играат денес од 17 часот, освен „вечното дерби“ кое ќе стартува во 20 часот.
Александар Ванев, М-Нет