Брегалница триумфираше над Работнички, Силекс го доби Шкупи, Шкендија се намачи, реми во Автокоманда

Денес се комплетираше 20-тата рунда од Првата македонска фудбалска лига со четирите натпревари, откако вчера беше отворена со ремито помеѓу Струга Трим Љум и Македонија ЃП (0:0).

Брегалница денес гостуваше во Скопје кај Работнички во меч кој во Маџари на „Борис Трајковски“ заврши со минимален триумф за Брегалница од 0:1.

Штипските “сини” по четири минути го отворија Работнички за водство од 0:1 со голот на Николов.

Во вториот дел штипјани успешно го бранеа резултатот и со тоа на контото на Брегалница се впишаа три бода.

Работнички не реализираше двојна шанса на старот во вториот дел и запиша прв пролетен пораз.

Силекс победнички тргна во пролетниот дел од ПМФЛ, откако со 2:1 славеше над шампионот Шкупи. Ваквиот резултат оди во целосен прилог на лидерот Струга Трим Љум.

Силекс брзо го отворија резултатот за водство од 1:0 со евроголот на Милосављевиќ. Очекувано Седлоски не беше задоволен од играта на “гулабите”, кои брзо примија и втор гол, откако Ѓорѓиевски го матираше Наумовски. Шкупи креираше шанси, погоди и пречка, но на полувреме Силекс имаше предност два гола.

На стартот од вториот дел Мамаду го врати Шкупи во игра за бод, па и триумф, откако погоди и намали на 2:1.

Божиновски беше на висината на задачата и го сочува водството од 2:1.

Шкендија дури во вториот дел го проби бункерот на Победа, откако Тофилоски успешно ја чуваше мрежата се до стартот на вториот дел, кога Чинари погоди за минимален триуфм од 1:0.

Во вториот дел Шкендија се изнапромаши, а Победа беше целосно дефанзивна.

Во „Автокоманда“ на стартот гледавме отворена игра, но без посериозни шанси, а на крај Скопје и Тиквеш одиграа реми без голови (0:0).

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ: