Брегалница со реми си замина од ПМФЛ, три бода за Шкендија и Шкупи

фото: М Нет-ТВ

Брегалница со реми (1:1) против Силекс во Штип се збогува од Прва лига, во последниот натпревар од 33. коло.

Филип Стојчевски погоди за “сините”, а Дамјан Манасиевски за Силекс.

Реми од 1:1 меѓу Воска Спорт и Гостивар. За домаќинот погоди најдобриот стрелец Алекса Марушиќ, а за гостинот Рејјан Абази.

Брера со убедливи 5:3 ја испрати Македонија ЃП во Втора лига. Ивковиќ и Мато беа двојни стрелци, а еден гол постигна Олаосебикан.

Величковски и Ларсон погодија за “лавовите” од Ѓорче.

Реми од 2:2 меѓу Вардар и Тиквеш. Николовски и Сушњара стрелаа за Вардар, а Даноски и Пузиревскис за Тиквеш.

Работнички дома загуби со 0:2 од Шкендија со головите на Красниќи и Аганспахич.

Шампионот Струга со пораз од Шкупи од 1:2 ја заврши сезоната. Шабани погоди за Струга, а Рамани и Аворнуо за Шкупи.

Струга е шампион, Шкендија втора и оди во Европа, Шкупи трет.

Брегалница и Македонија ЃП испаднаа во Втора лига, а Вардар ќе игра бараж за опстанок со Детонит Плачковица.

Александар Ванев, М-Нет