
Второлигашот Брегалница го претстави второто зимско засилување – дресот на „сини“ го облекува искусниот Јорданчо Наумоски кој доаѓа од редовите на прволигашот Пелистер.
Се работи за искусен фудбалер кој настапува во средниот ред, 30-годишникот кој кариерата ја започна во 11-ти октомври во Прилеп, беше дел и од Металург, Победа, Тиквеш и последно Пелистер, а има настапува и за младинскиот тим на дански Брондби.
Претходно Брегалница која ја води искусниот стратег Влатко Костов се засили со Бојан Рајков, а тимот во пролетниот дел ќе атакува на влез во Првата лига.
Тимот од Штип презимува на третото место, а пролетниот дел ќе го отвори против Кожуф во Гевгелија.
Александар Ванев, М-Нет