Брегалница одигра нерешено со Македонија ЃП

Брегалница одигра нерешено на гостувањето во Скопје против екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 1:1. Првото полувреме заврши без голови 0:0. Брегалница го отвори резултатот во 59 мин. преку Милан Џокиќ. Домаќините го израмнија резултатот од пенал во 78 мин., преку Сефер Емини кој прецизно биеше од белата точка. Следниот натпревар се очекува Брегалница да го одигра како домаќин на Градски во Штип.