Брегалница носи нова напаѓачка сила од Канада, Натаниел Лоренцо е „плав“!

ФК Брегалница продолжува да го засилува играчкиот кадар, а најново име во офанзивната линија е 21-годишниот Натаниел Лоренцо, кој во Штип пристигнува од Канада.
Младиот напаѓач веќе извесен период тренира со штипскиот клуб, а денес и официјално беше промовиран како ново засилување на „плавите“.
Лоренцо е фудбалер кој може да одговори на сите напаѓачки позиции, а неговите главни адути се брзината, енергијата и желбата за докажување. Во Брегалница очекуваат неговиот талент и офанзивните квалитети да донесат дополнителна свежина и опасност пред противничките голови.
За Лоренцо ова ќе биде нов чекор во кариерата и прво поголемо искуство во европскиот фудбал. Својот фудбалски пат го започнува во матичниот клуб Pro Stars Toronto FC, од каде заминува во Европа, каде што настапува во подмладокот на Ѓер, а потоа преминува во Татабања.
Сега следува нов предизвик – Штип и Брегалница, каде Лоренцо ќе има можност да го покаже својот потенцијал и да се наметне во нападот на штипскиот клуб.
Од земјата на јаворовиот лист пристигнува нова напаѓачка енергија – Брегалница добива уште една опција во офанзивата!