
Ланските прволигаши Брегалница и Македонија ЃП го делат врвот во Втората лига со максимални девет бодови на своите конта пред репрезентативната пауза. Двете екипи кои се главни фаворити за првите две места кои директно водат кон пласман во Првата лига на стартот од новата сезона имаат три од три.
„Лавовите“ вчера со 3:0 беа сигурни над Победа, а пак Брегалница преку пресврт со 2:1 славеше над Каменица Саса, натпревар кој ексклузивно можевте да го следите само на телевизија М Нет.
Кожуф е трет на табелата откако вчера со 4:1 го декласираше Осогово и на своето конто додаде нови три бода за вкупно седум.
Арсими, Башкими и Новаци имаат по три бодови. Башкими со минимални 0:1 го доби дербито на колото над Арсими во Гостивар, додека пак Новаци со гол во финишот дојде до триумф над Борец со минимални 0:1.
Скопје со 2:1 славеше над Вардар од Неготино и со тоа го запиша првиот триумф во новата сезона на домашен терен. Вардар Неготино е осми на табелата со четири бодови, а под него е Детонит Плачковица кој има исто така четири бодови. Радовишани вчера одиграа 1:1 со екипата на Вардарски на домашен терен.
Победа е на 10. место со три бодови, а потоа следуваат Беласица и Вардарски кои имаат по два бода. Струмичани синоќа во вечерен термин против Охрид ја бараат првата победа, но на крај мораа да се задоволат само со бод, во меч кој исто така ексклузивно само на телевизија М Нет можевте да го следите.
Каменица Саса е на 13-тото место со еден бод, колку што има и Осогово кој е во бараж зоната и Охрид кој е претпоследен исто така со еден бод.
На дното од табелата е повратникот Борец без ниту еден освоен бод, а овој тим прими седум погодоци, од кој едниот е автогол, а второлигашот од Велес е единствен кој по три кола се’ уште нема постигнат погодок.
Александар Ванев, М-Нет