
Официјално Борче Христов е нов шеф на стручниот штаб на Пелистер, кој ќе има задача експресно да го врати битолскиот клуб во Првата македонска фудбалска лига.
Христов зад себе има богата тренерска кариера, последно го водеше Тиквеш, а претходно, Борец, Работнички, Еуромилк ГЛ, Македонија ЃП и Шкендија, но покрај домашниот ангажан стратег има и меѓународно искуство работејќи во Азербејџан предводејќи ги екипите на Карабах и Зира.
Од Пелистер истакнуваат дека неговто знаење, професионалниот пристап и визија ќе бидат важна алка во остварување на целите на клубот за следниот период.
Христов прозивката ја закажа за 9 јули кога со првиот тренинг и првиот собир ќе биде означен почеток на летните подготовки. Новата сезона во Втора лига екипата на Пелистер ја отвара против Камјани на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет