Боево гаѓање кај „Пуста Пишица“ во недела, полицијата со апел до граѓаните

Секторот за внатрешни работи Штип и Одделението за внатрешни работи Пробиштип ги известуваат граѓаните дека во недела, 4 октомври 2026 година, ќе се спроведе боево гаѓање со огнено оружје во месноста „Пуста Пишица“, во атарот на село Пишица.
Гаѓањето е планирано во периодот од 08:00 до 13:00 часот, согласно планираните задачи и активности на ОВР Пробиштип за 2026 година.
Од СВР Штип и ОВР Пробиштип апелираат до граѓаните на Општина Пробиштип, особено до жителите на село Пишица и околните населени места, да избегнуваат движење и престој во месноста „Пуста Пишица“ во наведениот период, со цел да се обезбеди нивната безбедност и заштита на имотот.
Посебен апел е упатен и до сопствениците и одгледувачите на добиток, кои се повикуваат да не вршат напасување на добитокот во месноста и нејзината блиска околина во времето на спроведување на гаѓањето.
Од полицијата упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и соработката.