Без своите овци останува семејството Петрушеви од Лозово, анонимни соселани пријавиле дека стадото е заразено со овча сипаница

Со забиен нож во грб од неколку соселани, Трајче Петрушев од Општина Лозово е на пат да остане без својата егзистенција. По серија пријави, неговото стадо овци веќе еден месец е ставено под карантин, поради сомнеж за овча сипаница. Со солзи во очите, безпомошен и со празни раце Петрушев, вели дека тој и неговтоо семејство од денеска остануваат целосно на нула. Додека неговто стадо е затворено во аргачот од неговиот двор и наместо да пасе трева, јаде детелина, која Петрушеви ги кошта 500 евра само месецов, останатите овци од селото, кои до последно паселе на исто пасиште и пиеле вода од исто поило со неговите, остануваат слободно да се движат во селото, без да бидат тестирани. По пријавата, дошле инспекториле, зеле брис и како што тврди тој по 10 тина дена ги известиле дека имаат заболе две овци.

,,Се појави сомнеж дека наводоно се болни. Пријавуваа едни, други, трети и дојде до испекторката, која дојде да земе брис. Истата беше толку вулгарна што на телефон се дереше, викаше. И реков пополека што е проблемот, никој не те сопрел да дојдеш за брис. Кога ? Рече утре, дојди реков земи брис, никој не те сопира. Дојдоа зедоа брис од три овци и од две кози. Резултатите рекоа дека за ден, два ќе стасат. Резултатите ги чекавме скоро десет дена. Резултатит најверојатно беа стасани, тие ги криејаа, не знам што и беше поетната. Испадна дека на две овци резултатите се позитивни , една негативна, а козите исто негативни. А ја прогласија болеста како епидемија, дека брзо се шири и е опасна. Има и друг случај, на исто пасиште пасат и други овци, во исто поило на исто место се. Не тие овци се здрави, ден денеска тие овци не се проверени и се пуштени по полето ја шират болеста. Нашите се затворени веќе месец ден под изолација. “, вели Петрушев

Откако, Петрушеви се известени дека имаат овча сипаница во нивното стадо, Трајче вели дека донесено е решение од страна на надлежните за евтанизирање на неговите овци.

,,Демек има закон дека овците се под сомнеж, ја шират болеста и затоа мора да ги чувате дома. Ние пошто немавме храна, моравме и храна да купеме. Вложивме 500, 600 евра, храната ја изедоа. Во средата бев до ветеринарната во Св Николе да видам што е проблемот. Велат да, вчера стасаа резултатите, донесеное е решение овците ќе се еутинација (стручно) или убиваат. Закажано е за петок, значи вели во четврток треба да помине на совет на Општина Лозово, а во петок ќе дојдеме да ги еутонизираме.“, кажа Петрушев

Но покрај целиот шок за ова семејство, Трајче тврди дека инспекторката, која била надлежна за неговиот случај, му рекла дека тој треба да си обезбеди превоз и работници за угинувањето на овците. Трајче и натаму тврди оти неговите овци се здрави .

,,Друг проблем, вчера се јавува инспекторката, вели ние не можеме да најдеме превоз и работници, треба да биде со ваш превоз и работници, тоа не е наша работа. Овците се здрави, јадат по 4 бали детелина, водап ијат нормално, немат никаков проблем. Ако е некоја болна овца, таа ќе дреме, ќе се маче.“, додава Петрушев

Во врска со целиот случај, нашата телевизија електронски побара став од Агенцијата за храна и ветеринарство. До емитувањето на прилогот, од АХВ не добивме одговор.

Одговорите на надлежните, доколку пристигнат, М-Нет телевизија дополнително ќе ги објави.

Иван Митев, М-Нет