
Изминатиот период се одржа Европското првенство во борење за сениори во Букурешт, Романија, каде нашата репрезентација учествуваше со една борачка односно Вероника Рјабоволова (53 кг), и седум борачи односно Владимир Егоров (61 кг.), Бесир Алили (65кг.), Фати Вејсели (70кг.), Расул Шапиев (74 кг.), Дејан Митров (79 кг.), Ахмад Магомедов (86 кг.), Реџеп Хајдари (92 кг.) и Магомедгаџи Нуров (97 кг.), кои се едни од најдобриот тим во историјата на нашата репрезентација, европски медалисти, европски шампиони, спортисти на годината, учесници на олимпијада, освојувачи на прв женски сениорски медал.
„Прекрасна екипа предводена од еден врвен тим тренери Магомед Ибрагимов олимписки медалист, Бобан Данов кој е Европски Медалист, Суфијан Исмаили – професор. Овие тренери и репрезентативци даваат максимум за нашата држава, а како ние им враќаме ? Репрезентативците се сакаат и почитуваат и кога се најдобри, но и кога губат. Овие деца, спортисти можеби не потекнуваат, можеби не се родени во нашата држава, можеби немаме ист мајчин јазик, но тие повеќе од сите нас имаат вложено труд за нашата држава, овие спортисти не се натпреваруваат за земјата во која се родени туку за нашата Македонија. Кога спортистите земаа медали од меѓународни првенства, кога беа Европски шампиони, кога учествуваа на Олимписки игри, кога беа Спортисти на годината секој од нив гордо го вееше знамето, не претставуваа во најдобро светло во Европа и Светот и сите бевме горди на нив, велевме ова се наши спортисти, сите се сликате со нив, гордо раскажувавте за нашиот успех. Но кога овие спортисти нема да освојат медал, нема да имаат победа, без размислување веднаш им го вртите грбот и ги напаѓате, наеднаш тие за вас се странци, не се наши, зборот е траен белег кој може да остави длабока трага, особено ако е погрден збор. Размислете пред да оставите навредливи коментари за било кој, сетете се дека вие први трчате да се сликате со нив кога беа шампиони, секој спортист има добри и лоши мигови. Но јас, кало претседател на Боречка федерација, Дејан Богданов и целиот тим на БФСМ е секогаш со вас и Ве почитува и сака и кога губите и кога сте шампиони. Не им давајте значење на негативните коментари, такви коментари секогаш ќе има, а кога пак ќе дојдете на врвот истите луѓе ќе бидат први кои ќе бараат да се сликаат слики со вас. Не губете надеж спортисти наши, најголемите успеси се пред вас. Следуваат квалификации за Олимписки игри, некои од вас во август ќе не претставуваат на Олимписките игри во Париз, а јас како претседател и федерација секогаш гордо ќе стоиме позади вас и кога победувате и кога губите“, се вели во соопштението од претседателот на Боречката федерација, Дејан Богданов.