
Историски ден за македонската атлетика, Дарио Ивановски само што финишираше на маратонот во Севиља со неверојатно време од 2:08.25, а тоа значи и подобрување на Националниот рекорд за цели 3 и пол минути.
Но, уште еден голем успех за Ивановски е тоа што овој фантастичен резултат го доближи на само 15 секунди од Олимписката норма од 2:08.10. Со овој резултат Ивановски ќе се искачи високо на светската ранкинг листа со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.
Инаку, досегашниот македонски рекорд кој Ивановски го постави на 3. декември минатата година во шпанска Валенсија изнесуваше 2:11.53.
Колку за потсетување Летните олимписки игри во Париз, Франција ќе се одржат во период од 26. јули до 11. август 2024 година.
Александар Ванев, М-Нет